Илир Мета – претседателот на Албанија го поздрави едногласното усвојување од страна на законодавниот дом на резолуцијата против руската агресија врз Украина.
„Го поздравувам едногласното усвојување на Резолуцијата против неиспровоцираната и неоправдана агресија на Русија врз Украина, од страна на албанскиот парламент“ – стои во реакцијата на Мета.
Тој оценува дека како членка на НАТО и непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, целта на неговата земја е да се донесе мир, безбедност и стабилност во Европа и пошироко.
„Како земја-членка на НАТО, земја кандидат за ЕУ, непостојана членка на Советот за безбедност на ОН и со цел да преовладуваат мирот, безбедноста и стабилноста во Европа, регионот и пошироко, ја изразуваме нашата целосна солидарност со народот и демократските и легитимни институции на Украина во нивните херојски напори за слобода, национално достоинство и европски вредности“ – наведува Мета.
Албанскиот парламент синоќа на пленарна седница, со 123 гласа „за“, ниту еден против и воздржан, усвои Резолуција со која „остро ја осудува руската воена агресија врз Украина.