Претседател на Албанија – Илир Мета во тв гостување изјави дека со нетрпение го очекува 24 јули, кога му завршува мандатот и им вети на албанските граѓани дека од 25 јули почнува „елиминирање на стравот и почеток на враќањето на транспарентноста и отчетноста на секое ниво“
„Им давам свечено ветување на сите Албанци, како поранешен студент од декември 90-та, на сите оние кои сакаа да го искоренат плурализмот, дека на 25 јули почнува елиминирањето на стравот и започнува враќањето на транспарентноста и отчетноста на секое ниво. Започнува бескомпромисна војна против локалната, регионалната и меѓународната мафија“ – рече Мета.
Според него, за време на петгодишниот мандат се чувствувал себе си како „претседател изневерен од пријатели и непријатели, од која било причина и оти тоа било тешко патување“ а односите со САД ги оцени како одлични, додавајќи дека никогаш не ги прекршил амерканските закони.
„Мојот однос не е со странците, туку само со Албанците. Овој однос со Албанците ќе го спроведувам на железен начин во иднина. Уставот на САД ме инспирира за слобода, независност и северенитет. Односите на Илир Мета со САД се совршени бидејќи тој никогаш не ги лажел и никогаш не ги прекршил американските закони“ – изјави Мета.
Мета беше избран за претседател на крајот од април 2017 година, како седми претседател на Република Албанија, со 87 гласа „за“ и два „против“. На оваа функција тој дојде од функцијата претседател на парламентот а беше лидер на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ).