Мета бара да се зајакнат одбранбените капацитети на земјата
Претседателот на Албанија – Илир Мета поради руско-украинската криза остварил средба со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на вооружените сили на која побарал преземање „неопходни мерки за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата“.
На средбата, според информациите, била изразена заедничката загриженост со „сите партнери во НАТО за заканата од можна руска агресија врз Украина, што би било флагрантно кршење на меѓународното право“.
„Претседателот Мета ја подвлече важноста од ефикасна координација со Алијансата, како и преземање мерки за продолжување на реформите со цел дополнително зајакнување на нашите одбранбени способности. Во овој контекст, беше оценето исполнувањето и зајакнувањето на целиот команден синџир во вооружените сили, согласно системот на чинови и функција“ – наведуваат од претседателскиот кабинет.
Мета изјави дека Албанија и како земја членка на НАТО и како непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации е на страната на Украина, во одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.