Мета: Албанија рамо до рамо со Украина

Илир Мета – претседателот на Албанија реагираше во врска со војната во Украина, тврдејќи дека Албанија се солидаризира со украинскиот народ. Тој на социјалните мрежи објави видео со настани од војната, хуманитарни активности и протести против руската агресијата врз Украина.

„Албанија рамо до рамо со Украина, во целосна солидарност со напорите на народот кој херојски се бори да ја одбрани својата слобода по секоја цена. Го охрабрувам граѓанското општество да продолжи со хуманитарната помош. Застанете до Украина. Стоп за руската агресија (StandWithUkraine #StopRussianAggression)“ – напиша Мета.

Албанија од синоќа го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, освен за оние летови кои се за хуманитарни и медицински цели или меѓудржавни потреби.