Место зголемување од 30%, за 40 отсто намалена им е платата на оние кои штрајкуваат
Вработените во Државното правобранителство веќе една недела се во штрајк барајќи потпишување на колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти, но сѐ што добиле досега е намалување на 40 отсто од платата поради стапување во штрајк.
Вработените во Државното правобранителство веќе една недела се во штрајк барајќи потпишување на колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти, но сѐ што добиле досега е намалување на 40 отсто од платата поради стапување во штрајк.
Како што појасни претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, досега само коегите од Тетово се соочиле со намалување на платата, затоа што почнале порано, а во процедура е постапка платата да им се намали на сите кои штрајкуваат.
И покрај ова, од денеска, вработените во Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за правда, Министерството за култура и туризам, Министерство за економија и труд, Министерството за транспорт, Државен завод за статистика и Државен архив почнуваат со протести.
– Почнуваме денеска, во вторник, бидејќи денеска се одржува седница на Влада и инсистираме на денешната владина седница да се стави точка на дневен ред со којашто ќе се изнајде начин од буџетот на државата за решавање на овој проблем на вработените. Во изминатиот период од изборот на новата влада до денес, остваривме средба со сите ресорни министри и по пат на преговори, заеднички со министрите подготвивме предлог-колективни договори кои со поддршка на ресорните менистри беа доставени до Министерството за финансии, рече Деаноски.
Овие предлог-колективни договори биле доставени до Министерството за финансии пред носењето на Буџетот за 2025 година, од за нив неразбирливи причини, Министерството за финансии не ги одобрило средствата за нив.
– Висината на платите на вработените кои денес протестираат почнува од 25.010 денари, просечната плата во овие институции изнесува околу 29.000 денари, а просечната плата во државата 42.124 денари. Додатокот што го бараме од 30 отсто, значи дека вработените би добиле 6.000 денари кој би бил зголемена нивната плата, но и покрај тоа сите вработени би биле под просекот на државата. Ова наше барање е старо повеќе од четири години – додаде Деаноски.
За овој проблем, Дејаноски рече дека штрајкувале многупати, но дека ни една влада немала слух.
– Протестите ќе продолжат секој ден од 11 до 11.30 часот, а во петок, вработените од министерствата и институции ќе протестираат пред Министерството за финансии од 11 до 12 часот – додаде тој.