Место да одговараат за злоупотреба, Фетаи и Меџити ќе ги казнат возачите за погрешно паркирање

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи биле на состанок во врска со владини политики, кога ги фатија со камера нивните службени возила во 23 часот навечер паркирани на булевар кај ТЦ „Мавровка“.

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи биле на состанок во врска со владини политики, кога ги фатија со камера нивните службени возила во 23 часот навечер паркирани на булевар кај ТЦ „Мавровка“. Така барем рекле од министерството со кое раководи Изет Меџити за 360Степени.

„Во врска со вашиот објавен текст, Ве информираме дека заменик-претседателите на Владата, во периодот кој вие го посочувате, учествувале на координативен состанок за владини политики, со посебен фокус на тековните општински проекти…“

Од Министерството уште посочија дека на Меџити и Фетаи, како заменици на премиерот, согласно важечките протоколи и регулативи за заштита на високи државни функционери, им следува 24-часовно обезбедување.

360Степени: Државните коли на вицепремиерите Меџити и Фетаи пред полноќ близу партиски штаб