Меси со емотивна порака до Федерер: Гениј, време е за втора фаза!

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси, испрати порака со поддршка до Роџер Федерер, кој вчера најави дека се пензионира.

Швајцарецот ќе го „закачи рекетот“ по Лејвер купот, а таа одлука фудбалерот на ПСЖ ја коментираше на социјалните мрежи.

„Гениј, единствен во историјата на тенисот и пример за секој спортист. Се најдобро во вашата нова фаза, ќе ни недостига да ве гледаме на теренот и да уживаме во него“ – изјави Меси.

Член на „големата тениска тројка“, заедно со Рафал Надал и Новак Ѓоковиќ, нема играно од минатогодишниот Вимблдон, а зад себе има богата колекција на победи со кои ја испиша историјата на тенисот.

Со 20 освоени грен слем титули е трет на листата на шампиони, Ѓоковиќ е втор со 21, а Надал е прв со 22 трофеи.

Роџер Федерер освои и 103 АТП титули во сингл, што е второ достигнување во опен ерата, а во текот на кариерата оствари 1.251 победа и претрпе 275 порази, со процент на успешност од 82 отсто.