(Видео) Меси постигна гол и во дебито во МЛС лигата

Лионел Меси пак ги воодушевува американските фудбалски фанови. Иако тој требаше да одмори и да има епизодна улога во својот прв меч во МЛС лигата, Меси постигна фантастичен гол во 2:0 победата против Њујорк ред булс.

Меси доби поштеда на стартот од мечот, но кога влезе во 60. минута, по фантастична комбинација со Бенџамин Кремаски, постигна гол кој сигурно е еден од најдобрите овој викенд.

За половина час игра, Меси имаше 23 допири на топката.