Меси: Нема да играм на следното Светско првенство

Лионел Меси ја исполни својата цел и во декември со Аргентина стана светски првак, кревајќи го трофејот во Катар.

Така, капитенот на „гаучосите“ влезе во историските книги. Уште по крајот на Мундијалот, Меси нагласи дека не планира да игра на уште еден, а сега ја потврди одлуката.

Аргентинецот со репрезентацијата престојува во Кина, каде што доби прашање за потенцијалниот настап на следното Светско првенство.

„Мислам дека нема да играм. Ова беше мојот последен Мундијал. Ќе видам како ќе се одвиваат работите, меѓутоа во принцип не планирам да играм на уште едно Светско првенство“, изјави Меси.

Меси ќе ја води Аргентина на два пријателски натпревари овој јуни.

В четврток ги очекува тест со Австралија во Кина, додека на 19 јуни е закажан тест со Индонезија.