Меси и Бускетс повторно соиграчи, сега во Интер Мајами
Лионел Меси има познато лице за нов соиграч во редовите на новиот клуб Интер Мајами, а тоа е Серхио Бускетс.
Шпанецот, кој целата кариера претходно ја мина во дресот на Барселона, односно цели 15 години, си замина летово како слободен агент и кариерата ќе ја продолжи во Мајами заедно со Меси.
Бускетс наводно одбил побогати понуди од клубови од Саудиска Арабија за да му се придружи на Аргентинецот во МЛС-лигата.
Двајцата минаа цели 13 сезони заедно како соиграчи во Барселона и освоија три трофеи во Лигата на шампиони, осум во Ла Лига и шест во Копа дел Реј.