Меси доби свирежи од фановите на ПСЖ

На вчерашниот натпревар меѓу ПСЖ и Ајачио кој го добија домаќините со 5-0, Лео Меси доби свирежи од дел од фановите кои беа на стадионот.

Меси добро ја почна оваа сезона во ПСЖ, но лошо ја заврши откако го расипа односот со клубот и фановите.

Голем дел од навивачите на ПСЖ не го сакаат веќе во нивниот клуб, тој гневот го навлече со заминувањето во Саудиска Арабија без прашање и со ставот дека нема да потпише нов договор со францускиот клуб.

Меси беше суспендиран на еден натпревар, се извини, па синоќа беше стартер против Ајачио. Но кога ја имаше топката, имаше и свирежи за него.

Тој се трудеше да ги игнорира, при овој корнер се гледа дека не е баш погоден од свирежите, додека публиката му свиркаше, Меси ја жонглираше топката до корнер знаменцето.