
Дека Лионел Меси е најомилената личност во Аргентина е познато, уште еден доказ за тоа синоќа во Буенос Аирес.
Поради паузата за репрезентации, капитенот на Аргентина се врати во татковината, а синоќа се појавил во ресторанот „Дон Хулио“ на вечера.
Сопственикот, целиот персонал и сите присутни гости му направија шпалир и го снимаа неговото појавување, но информацијата се проширила, па за многу кратко надвор од ресторанот се насобрале илјадници Аргентинци.
Меси не можел да излезе од ресторанот, па локалното обезбедување добило помош од полицијата.
"Don Julio":
Por la presencia de Lionel Messi en ese restaurantepic.twitter.com/8Q53dHg976— ¿Por qué es tendencia? (@porquetendencia) March 21, 2023
Светскиот шампион Аргентина во овој репрезентативен термин ќе одигра две пријателски средби, против Панама в петок на 24 март и со Курасао на 28 месецов.