Мерц се сомнева дека американско-израелските акции во Иран ќе доведат до промена на режимот

Тој изрази скепса дека САД и Израел имаат јасна стратегија за ставање крај на војната во Иран, но истакна дека Германија, во принцип, ќе биде подготвена да учествува во меѓународна мисија за стабилизација откако ќе престанат непријателствата.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека се сомнева оти американско-израелските акции во Иран ќе доведат до промена на режимот.

Тој изрази скепса дека САД и Израел имаат јасна стратегија за ставање крај на војната во Иран, но истакна дека Германија, во принцип, ќе биде подготвена да учествува во меѓународна мисија за стабилизација откако ќе престанат непријателствата.

– Едноставно не сум уверен дека она што во моментов се случува, она што го прават Израел и Америка, навистина може да доведе до успех – рече Мерц на конференцијата организирана од весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ).

– Дали промената на режимот навистина е целта? Ако е тоа целта, не мислам дека ќе биде постигната. Во минатите конфликти тоа главно завршуваше лошо – додаде тој, алудирајќи на војната во Авганистан.