„Руската инвазија врз Украина е брутален напад кој ги игнорира човековите права и нема никакво оправдување за тоа”.
Ова е изјава на поранешната германска канцеларка – Ангела Меркел во нејзиното прво интервју откако веќе не е на власт.
Таа смета дека нападот е голема грешка, а додаде дека никогаш немало шанса да се создаде безбедносна архитектура која ќе ја убеди Русија да бара алтернативен пат.
„Секако дека се прашував што направивме погрешно. Дали можевме да направиме повеќе за да го спречиме тоа, она што јас го нарекувам голема трагедија. И затоа сè уште си ги поставувам тие прашања“ – додаде Меркел.
Смета дека не била наивна кога станува збор за омразата на рускиот претседател Владимир Путин кон западниот демократски модел, додавајќи дека неколкупати ги предупредила своите колеги дека Путин сака да ја подели Европската Унија.