Мерката за итно отстранување на насилник од домот, постои уште од 2014 година, но не секогаш се спроведуваше

По зачестените пријави за семејно насилство во полицијата, минатата недела е нотиран случај во кој насилникот бил отстранет од домот со цел жртвите да останат безбедни во своето живеалиште. Се работи за 68-годишник, кој во домот му се заканувал на сопствениот син со остар предмет.

По трагедијата во скопско Тафталиџе, надлежните најавија дека ќе се менуваат закони, со цел да се намали семејното насилство.

Овој закон, за отстранување на насилниците од домовите, е стар, односно постои од 2014 година, за што алармираат и голем број активисти за заштита на жените од насилни партнери. Имено, тие потенцираат дека е потребна почеста имплементација на истиот во случаи на евидентно семејно насилство.

– Мерката за итно отстранување на насилник од домот, без оглед на сопственоста, постои уште од 2014 година (член 94-е од Законот за семејство). Проблемот досега не беше законот, туку тоа што не секогаш се спроведуваше. Насилниците честопати беа толерирани – домовите беа на нивно име, а полицијата се двоумеше како да ги отстрани од нивниот дом. Така се праќаше погрешна порака: „додека си тераш работа по дома, ти си безбеден“, вели Билјана Настовска, активистка за женски права.

Таа вели дека овој случај покажува дека законот функционира кога институциите делуваат одлучно за заштита на жртвите.

– Ова е важна порака за сите – насилството не се толерира, а секоја пријава треба да се пријави и МВР соодветно да реагира, потенцира таа во својата објава на Фејсбук.