
Менди Ќура службеното Ауди ќе го замени со приватниот автомобил, ќе ги отпушти оние кои земале плата, а не оделе на работа
По официјалниот дел, Ќура на прес-конференција се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга без разлика дали го дале својот глас за него и оти веднаш ќе почне со реализација на ветеното. Повтори дека од денеска почнуваат промените во општина Струга, нагласувајќи дека веднаш потпишал предлог одлука за продажба на службениот автомобил Ауди А6 и оти својот приватен автомобил ќе го користи за службени потреби.
Претседателот на општинската изборна комисија Минир Жута денеска официјално му го врачи уверението на новиот градоначалник на општина Струга Менди Ќура, по што во општинската зграда следеше примопредавање на функцијата од досегашниот градоначалник Рамис Мерко.
По официјалниот дел, Ќура на прес-конференција се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга без разлика дали го дале својот глас за него и оти веднаш ќе почне со реализација на ветеното. Повтори дека од денеска почнуваат промените во општина Струга, нагласувајќи дека веднаш потпишал предлог одлука за продажба на службениот автомобил Ауди А6 и оти својот приватен автомобил ќе го користи за службени потреби.

– Денеска почнуваме од зборови на дела. Значи промените почнуват, мојот изборен и среќен број, 133 стои и на таблиците на мојот автомобил, кој од денеска ќе и служи на Општина Струга во наредните четири години. Исто така донесовме важна одлука сите вработени, кои не одат на работа денови, месеци и години, а некои од нив има и во странство на работа, од денеска почнува процес на раскинување на решенијата, рече Ќура.
Како еден од најголемите приоритети го посочи патот Мороишта – Струга, потоа решавањето на проблемот со паркинг местата, комуналните проблеми…. Во однос на проблемот со депонијата во Струга, смета дека ќе се реши со отворањето на регионална депонија очекувајќи тоа да се случи во 2026 година. Информира и дека во договор со Владата во наредните денови Комуналното претптијатие ќе добие 8.000 канти за смет, како и возила за потребите на претпријатието.
Градоначалникот Ќура најави и ревизија за работата на Општината и за сите јавни претпријатија, но и посебни комисии, кои ќе ја евидентираат фактичката состојба на терен.