Мемов: Право на секој функционер е да го искаже своето мислење

ЗНАМ ги демантира наводите дека имало иницијатива за преминување на пратеници од една во друга пратеничка група. Никола Мемов од оваа партија вели дека ЗНАМ не размислува во правец да исклучува или санкционира свои членови, туку, напротив вели дека го шират и зголемуваат членството на ЗНАМ.

-Право е на секој функционер да го искаже своето мислење на одредени теми кои се во рамки на интересите на граѓаните од кои го црпиме мандатот.

Сепак, сите членови, пратеници и јавни функционери треба да ги почитуваат и да делуваат согласно основните програмски постулати на ЗНАМ, кои се темелат на принципите на Илинден и АСНОМ, а кои се и составен дел на Платформата за националните црвени линии за македонско национално единство, која ја усвои ЗНАМ и беше доставена во Собранието на Република Македонија – вели Мемов.