Мелони: Италија поддржува безбедносни гаранции за Украина по моделот на НАТО
– Среќна сум што дискутираме за ова и што почнуваме од предлог кој уште од почеток беше италијански – модел по примерот на Член 5. Ние секогаш сме подготвени да ги презентираме нашите предлози за мир и дијалог, за да изградиме заеднички пат кон траен мир и гарантирана безбедност, нагласи Мелони.
Италија ги поддржува напорите на САД за постигнување мир и стои на страната на Украина, а истовремено се залага за обезбедување гаранции за нејзината безбедност по моделот на Член 5 од Северноатлантскиот договор, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони на разговорите во Белата куќа со европските лидери, претседателите на САД и Украина и генералниот секретар на НАТО.
Таа истакна дека Италија отсекогаш се залагала за примената на принципот на колективна одбрана, според кој напад врз еден сојузник претставува напад врз сите – како што е предвидено во Член 5 од НАТО.