Мексико ја осуди одлуката на Трамп за воведување царини од 30 отсто

Мексиканското Министерство за надворешни работи и Министерството за економија ја осудија одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да воведе царини од 30 отсто на увозот на мексиканска стока од 1 август.

Мексиканските министерства соопштија дека одржале заеднички состанок, додавајќи дека „преговорите за заштита на претпријатијата и работните места продолжуваат“, пренесува порталот Инфобае.

– Како дел од сеопфатна промена во трговската политика на САД, повеќе земји добија писмо потпишано од американскиот претседател, со кое се воведуваат нови тарифи кои стапуваат во сила на 1 август. На состанокот споменавме дека тоа е неправеден третман и дека не се согласуваме со одлуката на Трамп“, се наведува во заедничкото соопштение.

Вашингтон воведува царини на Мексико за да ги присили мексиканските власти да соработуваат во запирањето на шверцот со дрога од земјата во САД, а администрацијата на Трамп наведе дека, иако Мексико соработувал, „тоа не било доволно“.