
Мексико по десетти пат го освои Голд купот
Фудбалерите на Мексико го освоија северноамериканскиот Голд Куп по 10-ти пат, откако го победија домаќинот САД со 2-1 во финалето на овогодинешното издание во Хјустон.
Фудбалерите на Мексико го освоија северноамериканскиот Голд Куп по 10-ти пат, откако го победија домаќинот САД со 2-1 во финалето на овогодинешното издание во Хјустон.
Во натпреварот меѓу двете најсилни репрезентации во Северна Америка, САД поведоа уште на самиот почеток со голот на Крис Ричардс во 4. минута.
Сепак, Мексико успеа да израмни преку својот искусен напаѓач Раул Хименез во 27 минута, пред Едсон Алварез да го постигне победничкиот гол во второто полувреме во 77 минута.
Мексико на тој начин го одбрани трофејот освоен пред две години и дојде до својата десетта титула во 18 изданија на Голд Купот, додека САД останаа на седум трофеи.