Мексико нема да дозволи САД да испраќаат мексикански мигранти во Гвантанамо и претпочитаат директно да ги примат, изјави вчера мексиканскиот министер за надворешни работи Хуан Рамон де ла Фуенте.
Според шефот на дипломатијата, ова се наведува во дипломатската нота испратена од мексиканската влада до американската амбасада во Мексико.
САД вчера го испратија првиот воен авион со мала група приведени мигранти во својата поморска база во југоисточна Куба.
Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го прошири центарот за притвор за мигранти, одвоен од воениот затвор со максимална безбедност во базата Гвантанамо, за да прими до 30.000 мигранти.