Медиуми: Администрацијата на Трамп планира преполовување на буџетот на Стејт департментот

Планот, кој сè уште не е конечен, предвидува затворање на најмалку 27 дипломатски мисии – главно во Африка и Европа – од кои десет се амбасади, а останатите конзулати.

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп планира драстично кратење на буџетот на Стејт департментот, покажуваат интерни документи за финансиско планирање во кои увид имала агенцијата Ројтерс, пренесува БТА.

Намалувањето би изнесувало речиси 30 милијарди долари во фискалната 2026 година, со што би се затвориле речиси 30 дипломатски претставништва во странство и би се намалила надворешната помош.

Планот, кој сè уште не е конечен, предвидува затворање на најмалку 27 дипломатски мисии – главно во Африка и Европа – од кои десет се амбасади, а останатите конзулати.

Според висок официјален претставник, конечната верзија на буџетот ќе претрпи „мали промени“ пред да биде испратена на одобрување во Конгресот, каде што, како што се наведува, е веројатно дека дел од средствата ќе бидат вратени.

.Овие намалувања доаѓаат во период кога администрацијата на Трамп, заедно со Канцеларијата за владина ефикасност на милијардерот Илон Маск, спроведува агресивна реформа за намалување на федералната администрација, кратејќи милијарди долари и отпуштајќи илјадници вработени.