Полицијата во соседна Србија потврди дека двајцата осомничени го признале извршувањето на злосторството во случајот со исчезнувањето на малата Данка Илиќ.
Уапсени се работници на комуналното претпријатие Водовод, Срѓан Јанковиќ (50) од селото Лука и Дејан Драгојевиќ (50) од селото Злот, кај Бор.
Српските медиуми објавија нивни фотографии.
Според медиумите, тие двајца признале дека со службено возило ја усмртиле двегодишната Данка, по што нејзиното тело го фрлиле на дива депонија кај Бор.
„Блиц“ пишува дека во службено возило на Водовод се откриени траги од крв кои овозможиле да се утврди што се случило.
„Според планот на работа на претпријатието, се знаело кој го возел автомобилот во критичното време, а со проверка на базните станици тоа е и потврдено.
„Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството“, пренел извор за „Блиц“.