Медведев: Француската армија ќе биде уништена ако се појави во Украина

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека уништувањето на француската армија ќе биде приоритетна задача на руските вооружени сили доколку се појават во Украина.

Медведев истакна дека би било убаво Французите да испратат неколку полкови во Украина.

„Многу е проблематично да се сокрие толку голем број воен персонал, а прашањето за нивно систематско уништување нема да биде најтешката, но исклучително важна задача. Со толку многу ковчези што ќе и бидат доставени на Франција од странска, далечна земја, невозможно е да се сокрие масовната смрт на професионални воени лица“, напиша тој на каналот Телеграм, пренесе „Ведомости“.