Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија – Дмитриј Медведев за изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека целото руско население е одговорно за воената операција во Украина смета дека звучат како да се идеи на Адолф Хитлер.
„Адолф Хитлер беше последниот човек кој се обиде да спроведе такви идеи против цел народ. Има ли уште прашања за карактерот на украинските власти?“ – напиша Медведев на Телеграм.
Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Москва да припои повеќе украинска територија.
Тој додава дека Русите треба да живеат во свој свет додека не ја променат својата филозофија.
Смета дека оваа мерка треба да важи и за руските граѓани кои ја напуштиле земјата во знак на протест против постапките на властите во Москва.
Според неговото мислење, одговорноста за нападот врз Украина е на целото население на Русија.