Медведев: Само договор со Русија може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина

Медведев смета дека Киев разбира дека за него нема и не може да има безбедносни гаранции, дури ни од САД, и оценува дека САД, како што наведе, „се затрупани егоисти и работат само за себе“, пренесува РИА Новости.

Безбедносни гаранции за Украина може да се обезбедат само со договор со Русија, но украинските власти ја отфрлија таа можност, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

„Само договор со Русија можеше да обезбеди безбедносни гаранции. Но, украинската влада, стимулирана од западните пари и проектили, го отфрли“, напиша Медведев на Телеграм.