Украина можеби никогаш нема да биде примена во НАТО, Алијансата едноставно се плаши тоа да го каже гласно.
Ова е ставот на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, коментирајќи ги одлуките од првиот ден од самитот на НАТО во Вилнус.
„Се е како што мислевме: Акциониот план за членство на Украина во Алијансата – откажан. Во смисла на побрзо примање. Но, тој ќе го добие – не се знае кога и под кои услови. Многу веројатно – никогаш. А тоа е она што реалистите во Алијансата се плашат да го кажат гласно“, напиша Медведев на Телеграм.
Според него, намерата на земјите од НАТО да ја зголемат воената помош за режимот во Киев е всушност ќорсокак.
„Зголемете ја воената помош за режимот во Киев. Со се што е можно: ракети, касетна муниција, авиони. Сосема лудиот Запад не можеше ни да помисли на ништо друго. Предвидливост од највисоко ниво, до идиотизам. Всушност – ќорсокак. Третата светска војна е се поблиску“, рече Медведев.
Тој додаде дека руската специјална воена операција ќе продолжи, а нејзините цели ќе останат исти.
„Што значи сето ова за нас? Сè е очигледно. Специјалната воена операција ќе продолжи со истите цели. Еден од нив е повлекувањето на киевската нацистичка група од членството во НАТО, на што инсистиравме од самиот почеток (што е невозможно)“, посочи тој.
„Значи, таа група треба да биде ликвидирана“, додаде Медведев.