Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска ја повика меѓународната заедница да не поддржува конфискација на руски имот во корист на Украина, за да се избегнат обвинувањата за соучесништво.
Според него, кога се запленува имот, Русија има право на „колективна самоодбрана“.
„Кражбата на државен имот, под одредени услови, генерално може да се оквалификува како агресија, па дури и да стане casus belli (причина за објавување војна), рече Медведев на пленарната седница на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург (СПБИЛФ).