
Медведев: Испораката на томахавк ракети може лошо да заврши за сите, пред се за Трамп
Медведев предупреди дека „сто пати е јасно кажано дека може да го разбере штреберот со ѕвезди“ (Трамп), дека е невозможно да се направи разлика помеѓу нуклеарната и обичната верзија на Томахавк.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека „ѝ се заканува на Русија по стоти пат“.
„Трамп рече – ако претседателот на Русија не го реши украинскиот конфликт, тоа ќе заврши лошо за него. Накратко, тој се заканува по стоти пат. Ако овој бизнисмен-миротворец мисли на Томахавци, тогаш се изразил неправилно. Испораката на тие ракети може да заврши лошо за сите. А пред сè за самиот Трамп“, објави Медведев на својот Телеграм канал.
Медведев предупреди дека „сто пати е јасно кажано дека може да го разбере штреберот со ѕвезди“ (Трамп), дека е невозможно да се направи разлика помеѓу нуклеарната и обичната верзија на Томахавк.