Медведев: Заканата од директен конфликт меѓу Русија и НАТО никогаш не била пореална

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денеска дека од кубанската ракетна криза во 1962 година, заканата од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, што може да доведе до Трета светска војна, никогаш не била толку реална како што е сега.

Медведев на Телеграм напиша дека американската администрација несомнено ќе обезбеди дополнителни финансиски средства за режимот во Киев, ако не оваа, тогаш следната година, со цел „по секоја цена да ги одржи своите деловни потфати водени од војна“, пренесе ТАСС.

„Никогаш порано во историјата на САД Белата куќа „не извадила толку многу пари од федералниот буџет за земја од Ц-лигата на работ на колапс“, рече тој, мислејќи на Украина, која според него играла не толку скриена улога во отворени корупциски шеми во кои, како што вели, директно се вклучени актуелниот шеф на САД и членовите на неговото семејство.