Медведев: Доделете му на Маск нов офицерски чин

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев се огласи на Телеграм каде на шега го коментираше ставот на американскиот мултимилијардер Илон Маск за решавање на конфликтот во Украина.

Во својата објава Медведев на шега предложи на Маск да му се даде „нов офицерски чин“ и рече дека „срамота е што агентот во сенка се разоткри“.

„Честитки за Маск! Тој заслужува нов офицерски чин и вонреден. Штета е што агентот во сенка се разоткри. Неговиот следен твит веројатно ќе биде нешто за Украина како вештачки создадена земја“, напиша Медведев во објава со шеговит емотикон.

Основачот на компанијата Spacex и ко-основачот на компанијата Tesla, американскиот мултимилијардер Илон Маск, на Твитер претставил предлог како да се запре војната во Украина, пренесува Танјуг.

Маск наведе четири точки на „украинско-рускиот мир“ и ги покани корисниците да го кажат својот став за нацртот.

Тој изјави дека е неопходно да се повторат изборите во регионите кои гласале за приклучување кон Русија, под надзор на Обединетите нации, па ако народот изрази волја Русија да си замине, нека биде.

Крим, како што напиша, формално останува дел од Русија, како што беше од 1783 година, односно до грешката на Никита Хрушчов.

Тогаш, како што наведе, водоснабдувањето на Крим е обезбедено, а Украина останува неутрална.

Маск ги покани корисниците на Твитер да гласаат за овој предлог.