Дмитриј Медведев – заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија смета дека „љубовта“ на Европејците и Украинците пука, бидејќи сите се уморни веќе од неа.
„Се чини дека возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците е при крај. Европејците повеќе не ги сакаат Украинците, уморни се од нив. Гневните Полјаци се потсетија на нивниот луд национализам. Тие гласно потсетуваат на речиси четири милиони Украинци, кои се населиле во нивната земја“ – напиша Медведев на Телеграм.
„Спутник“ пренесува дека Медведев вели дека „слични процеси се случуваат и во други европски земји, кои започнале`љубовни игри` со Киев“.
Медведев изјави дека од украинофилија до украинофобија е само еден чекор.
Според него, избледените чувства „нема повторно да разгорат никакви ветувања за иден не толку близок и нерамноправен брак“.