Медведев бесен поради блокирањето на Твитер: Можеме без нив!

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев е блокиран да објавува на англиски јазик на социјалната мрежа Твитер.

Медведев рече дека Русија може без оваа социјална мрежа, која функционира „во интерес на американскиот естаблишмент“.

Тој рече дека извршниот директор на Твитер, Илон Маск, „го направил истото што го направил со поранешниот американски претседател Доналд Трамп“ и „не бил на висината на задачата“.