Медарот Христијан Мицкоски потврди дека нема врска од енергетика, впрочем како најслаб директор на ЕЛЕМ тоа граѓаните и многи добро го знаат. За време кога Мицкоски беше советник на Груевски а потоа и директор на ЕСМ, без никаква криза струјата поскапе за 100%. Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграен додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ. – изјавија од СДСМ.
Потенцираа дека Мицкоски си иградил хидроцентрали за себе, а за граѓаните не направил ништо. За разлика од криминалното време на ВМРО-ДПМНЕ, во последните години ЕСМ изгради фотонапонска електрана во Осломеј од 10MW и ja интегрира гасната електрана Когел од 30MW. Значи ЕСМ за три години стави дополнителни 40MW во системот, потенцираа од партијата.
- Во моментов се градат уште електрани, и сончеви, се шири ветерниот парк, и во постапка е Чебрен. Овозможивме со законот за енергетика да се градат приватни електрани од обновливи извори, тоа е исто така домашна струја во системот. Државата субвенционира 80% од сметките за струја за граѓаните и 72.000 фирми, Ковачевски ги покачи пензиите за сите 330.000 пензионери, ја зголеми минималната плата, реализира антикризен пакет вреден 700 милиони евра за помош на граѓаните и фирмите во време на криза. Мицкоски може да учи од Ковачевски што значи одговорно работење во енергетиката и што е вистинска грижа за граѓаните во услови на глобална енергетска криза. Рацете во медот, тендери и провизии, Мицкоски само за тоа се интересира, затоа и ништо не направил во сферата на енергетиката, ниту за граѓаните. – велат од СДСМ.