Меган Маркл именувала двајца од кралското семејство кои ја навредувале неа и син и, таа му напишала писмо и на кралот Чарлс

Меган Маркл и принцот Хари креваат прашина од почетокот на нивната љубовна врска. Секој ден се откриваат нови „фасцинантни“ тајни кои го доведуваат во прашање британското кралско семејство.

Новинарот Омид Скоби напиша книга наречена „Крајната игра: Внатре во кралското семејство и борбата за опстанок на монархијата“, во која откри како војвотката од Сасекс му пишувала приватни писма на кралот Чарлс III, во кои именувала две лица кои ја коментирале и бојата на кожата на нејзиниот син, според Page Six.

Меган Маркл (42) првпат откри дека член на кралското семејство изразил „загриженост“ за бојата на кожата на Арчи во интервју со Опра Винфри во март 2021 година. Таа тогаш рече дека некои луѓе изразиле загриженост за тоа колку ќе биде темна кожата на Арчи кога ќе се роди.

Принцот Вилијам потоа го бранеше своето семејство и рече дека членовите на кралското семејство „во голема мера не се расистичко семејство“.

Скоби тврди дека знае кои се обвинетите на Меган, но не може да ги именува поради законот во ОК што „го спречува да пријави кои се тие“. Затоа, во книгата не се откриени лицата кои наводно ги дале расистичките забелешки. Авторот рече во интервју во јануари дека расизмот и несвесната пристрасност се две различни работи.

– Кога вие како поединец или институција ќе бидете препознаени или посочени дека имате несвесна пристрасност, имате можност да учите и да растете од тоа… во спротивно, несвесната пристрасност оди во категоријата расизам.

Да потсетиме и дека Хари беше тој што рече дека неговото семејство не е расистичко, туку неуко.