Полицијата проверува дали спикерот на Собранието Африм Гаши со службено возило бил на свадба во Косово и колоната возила што го придружувала го блокирале преминот на границата. целта е да се утврди дали во овој случај има злоупотреба на државните возила.
„Ве известуваме дека од страна на надлежните служби во МВР се вршат соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба, по што соодветно ќе ја известиме јавноста“, информираат од МВР.
Службените возила се употребуваат со соодветен патен налог, со образложение за намената за која се користат возилата, времетраењето, но и трошоците за патувањето.
Додека јавноста очекува одговори за конкретниот случај, коалициските партнери од Владата сѐ уште молчат, а со реакција засега се јавија само од Либерално демократската партија.
На Гаши ова му е втор скандал за еден месец. За случајот на Скопскиот аеродром, МВР на почетокот на месецов поднесе кривична пријава против шефот на неговото обезбедување, а против него немаше никаква постапка ниту пак се бараше одговорност.