о атарот на селото Танушевци вчера било приведено 29-годишно лице од Косово, барано со потерница за учество во странска војска, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Во атар на селото Танушевци, вчера од страна на полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од село Арачиново кон Косово. Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но, лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и тоа е запрено и лишено од слобода, се наведува во соопштението од МВР.
Утврдено било дека станува збор за 29-годишниот Б.С. од Витина и оти за него е распишана меѓународна потерница од Косово, поради кривично дело „учество во странска војска“.