Полициски хеликоптер од типот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици денеска дејствуваше на пожар во општина Македонски Брод, меѓу селата Брезница и Тажево, каде гори борова шума.
Како што информира МВР, во 19 налета се исфрлени над 48 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.