МВР: Платени се сите придонеси за вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи, по цел ден откако се појавија информациите дека полицајците немаат здравствено осигурување поради неуплатени придонеси, реагира со појаснување дека сите придонеси се платени навреме.

„Во врска со прес конференцијата на еден од синдикатите во МВР, ја известуваме јавноста дека за сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос“, велат од министерството.

„МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот ќе биде надминат во најскоро време“, велат од МВР, додавајќи дека апелираат да не се шират дезинформации во јавноста.