МВР објави колкави се казните од „Безбеден град“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.

Пречекорување на брзина во населено место

(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)

  • до 10 km/h над дозволеното –15 €
  • од 10 до 30 km/h –50 €
  • од 30 до 50 km/h –300 €забрана за управување 3–12 месеци

️ Пречекорување на брзина надвор од населено место

(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)

  • до 30 km/h над дозволеното –20 €
  • од 30 до 50 km/h –50 €
  • од 50 до 70 km/h –300 €забрана за управување 3–12 месеци

 Поминување на црвено светло

  • 250 €глоба
  • забрана за управување 3–12 месеци

️ Непрописно запирање и паркирање

(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)

  • глоби од25 €, 40 €, 150 € и 180 €

(во зависност од видот и тежината на прекршокот)

 Учество во сообраќај со нерегистрирано возило

(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)

  • 500 €глоба
  • ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена –100 €

 Намалување на санкциите

  • Плаќање во рок од8 дена→ се плаќа 50% од глобата
  • Ако има и забрана за управување → се изрекува вополовина од пропишаниот рок

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, за поголема лична и општа безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.