МВР најостро демантира дека за командир на граничен премин Ќафасан пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење, информација пласирана денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
– Станува збор за класична лага пласирана од оваа партија. Нема никаква промена на командирот на ГП Ќафасан! Напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е Ј.Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме да ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните, се вели во демантот од МВР.