МВР: Во Чаир не е приведен член на избирачки одбор – туку двајца кои лажно се претставувале како набљудувачи

Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје.

Од МВР со детални информации за апсењето на избирачко место во Чаир.

Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје.

Станува збор за Ф.Е. (35) и Н.Е. (44). Имено, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес, биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Претходно пишувавме:

Уапсен член на избирачки одбор во Чаир