МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
МВР апелира граѓаните да не отвараат лажни пораки што им пристигаат на мобилните телефони, имејловите и на социјалните мрежи во кои од нив се бара да извршат уплата за сторен сообраќаен прекршок преку наведен лажен линк. СМС-известувањата за направен прекршок, велат од МВР, треба да бидат од испраќач MVR-SC, а во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото што направило прекршок и линк од следниот формат https://safecountry.mvr.gov.mk.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиот период е забележана појава на фишинг-напади, кои се изведуваат преку лажни СМС-пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во нив е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок – се вели во соопштението од МВР.
Апелираат граѓаните да бидат внимателни при користењето интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.
– СМС-известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач MVR-SC. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото што направило прекршок и линк од следниот формат https://safecountry.mvr.gov.mk – велат од МВР.
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, се додава во соопштението, продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.