Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев во интервју за ТВ Тера инстакна дека од аспект на полицијата, МВР е денес реформирана институција „МВР за граѓаните“ и смета дека ваквиот формат на техничка влада веќе не треба да постои.
„Во 2015-2016 година кога е созададена техничката влада зборуваме за една полиција со срушен рејтинг, недоверба од граѓаните, затворена институција. Денес зборуваме за една институција која е во топ трите најтранспарентни и во рејтинг во топ три, институција која е „МВР за граѓаните“ не е МВРО-ВМРО, немаме „штабче горе доле“ туку фунционираме исклучиво за граѓаните“, вели Бојмацалиев.
Денес, според него, има една сосема друга полиција, која е во сервис на граѓаните, која е опремена, работи во модерни објекти.
„Во таа насока според мене нема повеќе потреба од пржинска влада бидејќи МВР е „МВР за граѓаните“ и така се надевам и ќе остане, бидејќи создадовме еден систем, без разлика која политичка партија е на власт, тешко дека може да ги сруши за кратко време, бидејќи имаме имплементирано систем на вредности и командна одговорност, што за жал порано го немаше и се покажа и на 27 Април“, дециден е Бојмацалиев.