МБА основа Фондација за поддршка на повредените и на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

Со длабоко сочувство и солидарност поради трагедијата во Кочани, во рамките на Македонската банкарска асоцијација е основана Фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ за пружање помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар на 16 март 2025 година.

Со длабоко сочувство и солидарност поради трагедијата во Кочани, во рамките на Македонската банкарска асоцијација е основана Фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ за пружање помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар на 16 март 2025 година.

Водејќи се од заедничките определби за хуманост и помагање, МБА преку оваа фондација ќе обезбеди донации за поддршка на оние чии животи засекогаш се променети, а со надеж дека барем малку во наредниот период ќе им помогнат да ги надминат трауматичните последици.

Целта на основањето на Фондацијата е континуирана помош, а средствата ќе бидат наменети исклучиво за помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани поврзани со последиците од пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и на нивните семејства, како и поддршка во образованието и професионалната реинтеграција на настраданите.

„Нема зборови што можат да ја утешат тагата на оние што загубија свој најмил, нема доволно дела што можат да ја ублажат болката. Но, она што можеме да направиме е да помогнеме и да покажеме дека не се сами, и сега и во иднина“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Претседател на Македонската банкарска асоцијација.

Преку донирање средства од страна на банките, штедилниците, други финансиски институции, како и други донатори од редот на нефинансиски правни лица заинтересирани да ги поддржат целите на Фондацијата, ќе се обезбедуваат средства за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани и на нивните семејства.

Во наредниот период, МБА континуиранo ќе известува за активностите кои ќе се преземаат за реализација на целите на Фондацијата.