Мбапе собори рекорд на Меси во ЛШ
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе го подобри постигнувањето на својот соиграч, аргентинскиот ас Лионел Меси.
Французинот е најмладиот играч со 40 гола во Лигата на шампионите. Тој ја достигна оваа граница на 23 години, 10 месеци и 13 дена.
Претходно, Меси го држеше рекордот постигнат на возраст од 24 години, 4 месеци и 8 дена.
Мбапе синоќа постигна еден од головите во победата на ПСЖ над Јувентус од 2-1.
„Се пласиравме во осминафиналето што е главно за нас. Не ја освоивме групата, но такви работи се случуваат во фудбалот. Бевме малку несигурни на почетокот, но ова е Лигата на шампионите и победата е најважна работа. Мило ми е што постигнав гол и победивме. Ќе видиме каков противник ќе ни даде ждрепката“ рече Мбапе по мечот.
40 – At 23 years, 10 months and 13 days, Kylian Mbappé is now the youngest player to score 40 goals in UEFA Champions League history, overtaking Lionel Messi (24 years, four months and eight days in November 2011). Supersonic. #JUVPSG pic.twitter.com/t7gQvtLa7c
— OptaJean (@OptaJean) November 2, 2022