Мбапе првпат одговори на прашањето за неговиот нов клуб
Килијан Мбапе и официјално го потврди своето заминување од ПСЖ минатата недела по седум години.
„Ја играм последната сезона во ПСЖ. Нема да го обновам договорот и за неколку недели ќе ја завршам авантурата во Париз“, изјави Французинот.
Со 27 гола, најдобриот стрелец на француската Лига 1 речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, а минатата недела со ПСЖ забележа нов пораз во Лигата на шампионите каде играше само еднаш во финалето и беше поразен од Баерн во 2020 година.
ПСЖ, кој ја одбрани титулата шампион на Франција, овојпат беше елиминиран од Борусија Дортмунд во полуфиналето од елитната Лига на шампиони.
Мбапе во соопштението во кое потврди дека заминува од ПСЖ не кажа во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, туку само дека заминува од Франција, но јавна тајна е дека ќе потпише за Реал Мадрид.
Мбапе во понеделникот вечерта ја прими наградата за најдобар играч на француската лига, а на свеченоста првпат одговори на прашање за неговиот нов клуб, но повторно не даде конкретен одговор.
@Сè во свое време. Во моментов, јас само го напуштам ПСЖ. Што се однесува до останатото, можеби сега не е време. Тоа не е темата во моментов”, рече тој.
Мбапе ја започна својата професионална кариера во Монако, а во ПСЖ се пресели во 2017 година. Вкупно, тој одигра 178 натпревари за тимот од Париз во француската Лига 1 и постигна 162 гола.
За француската репрезентација со која стана светски првак во 2018 година одигра 77 натпревари со 46 голови.