Прв регистриран потврден случај на мајмунски сипаници во Србија, соопшти денеска Институтот за јавно здравје – „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Се работи за лице кое влегло во Србија од странство. Здравствените власти во Србија велат дека бил дијагностициран и се третира терапевтски.
Лабораториска дијагностика е извршена во Заводот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград.
„Институтот за јавно здравје спроведе епидемиолошка истрага за случајот и спроведени се сите мерки на евидентирање, тестирање, пријавување и контрола на натамошното ширење на инфекцијата согласно стручните методолошки упатства“ – соопштија од институтот.
Во стручните методолошки упатства е наведено и дека пациентот треба да биде изолиран и да остане во изолација се додека симптомите, вклучително и осипот, не се повлечат. Исто така, неопходно е контактите на пациентот да бидат под еден вид надзор.
За првиот потврден случај во Србија се известени меѓународните здравствени институции.