Мајк Волц ќе биде новиот советник за национална безбедност на Трамп

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра конгресменот од Флорида Мајк Волц за свој иден советник за национална безбедност, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра конгресменот од Флорида Мајк Волц за свој иден советник за национална безбедност, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори.

Како републикански конгресмен лојален на Трамп, тој служеше и во Националната гарда како полковник и дипломираше со почести на Воениот институт во Вирџинија.

Волц (50) ги критикуваше активностите на Кина во азиско-пацифичкиот регион и ја истакна потребата САД да бидат подготвени за потенцијален конфликт во регионот.

По 27-годишна кариера во вооружените сили, вклучително и распоредувања во Авганистан, Блискиот Исток и Африка, за што беше награден со Медал за храброст, Волц имаше позиции и како советник за политика во Белата куќа и во Пентагон.