Мајка си ја полил со киселина додека спиела, жената со тешки повреди префрлена во болница
По семејна расправија во германскиот град Кведлинбург, неименуван млад човек истурил киселина врз својата мајка, додека таа спиела.
Жената се здобила со тешки повреди и се наоѓа во болница.
Полицијата соопшти дека итната помош била повикана околу четири часот по полноќ.
– Преземени се итни мерки за деконтаминација на пациентката и таа е пренесена на клиника – изјавил портпаролот на болницата.
Локалните медиуми јавуваат дека жената била полеана со оцетна киселина и дека кожата и била изгорена на грбот и бутовите.
Засега не е познато што довело до расправијата.